MKinformer

your daily dose of news

Денес сончево, утре дожд и заладување

23/07/2026 7:47

Сончево и топло денес, од петок дожд, грмежи и значително заладување

Македонија денеска ќе има претежно сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Температурата до 34 степени

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневната температура ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 13 степени, а максималната ќе достигне 32 степени.

Од петок следува промена на времето

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во петок земјава ќе биде под влијание на влажен бран, кој ќе донесе повремени врнежи од дожд, а локално се очекуваат и пообилни количества над 15 литри на метар квадратен.

На одделни места дождот ќе биде проследен со грмежи и засилен ветер, а дневните температури значително ќе се намалат.

Стабилен викенд, нова нестабилност од понеделник

По промената во петок, за време на викендот се очекува стабилизирање на времето. Утринските температури ќе бидат пониски, додека дневните повторно постепено ќе растат.

Ново локално дестабилизирање на времето, со можност за дожд и грмежи, метеоролозите најавуваат повторно во понеделник.

error: Содржината е заштитена од копирање !!