Сончево и топло време со температури до 36 степени, од среда можни дожд и грмежи
14/07/2026 8:42
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Долж Повардарието и во источните делови ветерот повремено ќе засилува.
Минималните температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 30 до 36 степени.
Во Скопје до 35 степени
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне 35 степени.
И актуелната прогноза на УХМР предвидува топло време во Скопје со температура до 35 степени.
Од среда услови за локална нестабилност
Во следните денови ќе продолжи сончевото и топло време, проследено со мала до умерена облачност.
Сепак, од среда во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност. На одделни места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилноста ќе биде локална, па врнежите нема да бидат рамномерно распоредени во сите делови од земјата.

![Денес сончево со северен ветер, следната недела можни дожд и грмежи promenlivo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/promenlivo1.jpg)




