MKinformer

your daily dose of news

Уапсен Урош Нинковиќ на Крит, високопозициониран член на Кавачко-врачарскиот клан и соработник на Радоје Звицер

22/08/2026 12:10

На Крит уапсен Урош Нинковиќ – 38-годишникот, за кого српските медиуми пишуваат дека е високопозициониран член на Кавачко-врачарскиот криминален клан, е приведен во Грција, објави „Телеграф.рс

Според објавените информации, Нинковиќ наводно работел за Марко Ѓорѓевиќ Маркиѓани и Радоје Звицер.

Кај него пронашле лажни документи

При приведувањето, кај Нинковиќ биле пронајдени фалсификувани лични документи.

Станувало збор за документи на Чешка и Босна и Херцеговина.

По него била распишана и национална потерница во Србија поради сомнение за фалсификување.

Грчката полиција истражува зошто бил на Крит

Српската полиција ја продолжува соработката со Националното биро на Интерпол во Атина.

Грчките власти, пак, го истражуваат мотивот за неговиот престој на островот.

Засега не е познато дали Нинковиќ се криел на Крит или таму престојувал поради друга причина.

Според оперативните информации што ги објавија српските медиуми,  уапсен Урош Нинковиќ важи за високопозициониран член на Кавачко-врачарскиот клан и соработник на Радоје Звицер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!