Интерпол ќе испрати експерти да помогнат во истрагата за експлозијата во Бејрут, Либан
08/08/2020 10:18Интерпол ќе испрати тим експерти во Бејрут за да им помогне на либанските власти во истрагата за катастрофалната експлозија во пристаништето.
Интерпол ќе испрати тим експерти во Бејрут за да им помогне на либанските власти во истрагата за катастрофалната експлозија во пристаништето.
– На барање на либанските власти, Интерпол испраќа специјализиран тим во Бејрут по експлозијата во која загинаа повеќе од 150 луѓе и уништи голем дел од градот, се вели во соопштението на Интерпол.
Меѓународен тим кој вклучува И експерти за идентификација на жртвите од катастрофата ќе обезбеди помош на лице место.
Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека искуството на организацијата ќе им обезбеди значителна помош на либанските власти и ќе продолжи да ја обезбедува целата помош што ја бара Либан.






