MKinformer

your daily dose of news

ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА НАПАДОТ ВО ВИЕНА

03/11/2020 18:55

Терористичката организација „Диеш“, позната како Исламска држава ја превзеде одговорноста за нападот во Виена, соопштила таа организација по пат на Телеграм, пренесува Спутник Италија.

Претходно две лица, поврзани со терористичкиот напад, биле уапсени во Швајцарија, во Кантонот Цирих. Во моментов полицијата испитува која е поврзаноста со напаѓачите од Виена.
Синоќа во Виена се случи напад во кој загинаа 5 лица, откако денеска на повредите им подлегна уште едно лице.
Еден од напаѓачите има потекло од Македонија, од село Челопек тетовско, потврди австриската полиција.
error: Содржината е заштитена од копирање !!