MKinformer

your daily dose of news

МЕПСО бара поскапување на својата услуга за над 97 отсто, конечната цена на струјата ќе зависи од ЕСМ

21/10/2026 11:57

МЕПСО бара поскапување на својата услуга за повеќе од 97 проценти, како дел од барањата доставени до Регулаторната комисија за енергетика за утврдување на новите цени во електроенергетскиот систем.

Станува збор за цената на услугата што ја обезбедува операторот на електропреносниот систем, а не за директно зголемување на крајната цена на електричната енергија за домаќинствата за 97 проценти.

МЕМО не бара промена, Електродистрибуција сè уште без барање

МЕМО не побарало промена на цената на својата услуга.

Електродистрибуција, пак, сè уште нема доставено конкретно барање до Регулаторната комисија за енергетика.

Причината е што сè уште не е завршен тендерот за набавка на електрична енергија потребна за покривање на загубите во дистрибутивната мрежа.

Понудата на ЕСМ ќе има најголемо влијание

Најголемо влијание врз цената што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари се очекува да има понудата на ЕСМ за снабдување на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Во моментов, ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум по цена од 65 евра за мегават-час.

Новата понуда на државната компанија ќе биде еден од клучните параметри при пресметката на идната цена на електричната енергија за домаќинствата.

Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, за понатаму не се знае

Што претставува услугата на МЕПСО?

АД МЕПСО е оператор на македонскиот електропреносен систем.

Неговата главна задача е пренос на електричната енергија преку високонапонската мрежа и управување со електроенергетскиот систем.

Затоа, бараното зголемување од над 97 проценти се однесува на тарифата за услугата на МЕПСО, која е само една од повеќето компоненти што ја формираат конечната сметка за струја.

МЕПСО бара поскапување на својата услуга, но колкава ќе биде конечната промена на цената на струјата за граѓаните ќе биде познато откако ќе бидат доставени и разгледани сите барања и понудата на ЕСМ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!