MKinformer

your daily dose of news

Oбвинителcтвoтo има отворено два предмета за Еуростандард банка

13/11/2020 18:54

Државниот обвинител Љубомир Јовевски денеска во Собранието не откри многу детали за истрагите, за да не го загрози истражниот процес и засегнатите.

Основното јавно обвинителство има отворено два случаја за стечајот на Еуростандард банка, соопшти државниот обвинител Љубомир Јовевски за време на Надзорната расправа во Комисијата за финансирање и буџет како одговор на прашањето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Јовевски не откри многу детали за истрагите, за да не го загрози истражниот процес и засегнатите.

Истакна дека ќе бидат истражени сите лица за кои доказите и фактите ќе покажат дека се вмешани во стечајот на банката.

error: Содржината е заштитена од копирање !!