MKinformer

your daily dose of news

ПУКАЊЕ ВО ЧАИР ПРЕД ПРОДАВНИЦА ЗА АВТОДЕЛОВИ

20/11/2020 17:25

Пукање во скопската населба Чаир е пријавено попладнево во Министерството за внатрешни работи. Според пријавата засега се знае само дека се пукало пред продавница за автоделови и нема информации за повредени лица.

-На 20.11.2020 во 14.55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.„Цветан Димов“ пред продавница за автоделови. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Полицијата ја блокирала улицата каде што се случило пукањето.

error: Содржината е заштитена од копирање !!