MKinformer

your daily dose of news

Хорор со ножеви во Чаир – тројца се ранети, меѓу нив и 14-годишно момче!

18/06/2025 8:57

Во крвава тепачка во која биле користени ножеви, доцна попладнево на улицата „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир се ранети тројца луѓе, од кој најмладиот е момче од 14 години, потоа уште еден тинејџер (18) и човек на возраст од 64 години.

Според МВР, инцидентот се случил „по претходно недоразбирање“. Тројцата ранети се итно пренесени во болница, објави „Мета“.

Крвавиот инцидент се случил пред 20 часот, а според пријавата, на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, кај маркетот „Веро“ физички се пресметале 14-годишно момче и С.Р.(64) и Б.С.(18), сите од Скопје. Во пресметката тие употребиле ножеви и сите тројца се повредени. Засега нема информации за нивната здравствена состојба.

На местото на настанот вечерва има големо присуство на полицијата, а жителите на населбата се вознемирени. Полицискиот увид кој се врши го забави сообраќајот во тој дел од Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!