MKinformer

your daily dose of news

И Спасовски се огради од Заев

27/11/2020 12:30

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запрашан за изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарскиот БГНЕС рече дека неговото Куманово го ослободиле македонските партизани.

– И моето Куманово е ослободено од македонските партизани на 11 ноември од борците против фашизмот и Македонија е ослободена од борците на Народно-ослободителната борба против фашизмот. Куманово многу години негува идеологија која значи борба за развој, демократија и посветла иднина, рече Спасовски.

Министерот ова го одговори запрашан за коментарот на Заев за изјавата во интервјуто дека „Имало некогаш некоја администрација, во тој момент, на почетокот, а потоа Бугарија се дига заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и апсолутно е дал од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваат територии – Крива Паланка, Куманово, Скопје и во целиот овој дел“.

Спасовски повика да не се дозволи тоа што се случувало пред седум-осум децении да биде пречка за нашето одење напред, а историјата да се остави на историчарите и иднината да ја земеме во нашпи рацe.

error: Содржината е заштитена од копирање !!