Заев денес ќе сведочи на cyд за настаните на 27 април во Собрание
27/11/2020 9:54Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави на суд како сведок за настаните на „27 април“. Тој како тогашен лидер на опозицијата треба да одговори за текот на конститутивната седница, изборот на Талат Џафери за спикер, како и за инцидетите кои следеа по неговиот избор.
Сепак, со оглед на последните случувања и протестите малку е веројатно дека Заев ќе собере храброст и ќе дојде на суд.
Покрај Заев, денеска треба да сведочи и лидерот на Алтернатива Африм Гаши.






