MKinformer

your daily dose of news

Попис во 2021 ќе има – ВМРО-ДПМНЕ нека прави нов во 2031 година, ако дојдат на власт, вели Заев

08/01/2021 15:50

Како одговор на опозицијата која најави дека нема да го поддржи пописот и ќе спроведе нов кога ќе дојде на власт, премиерот Заев вели дека сега постои Закон за попис и процесот не е во фаза на работни групи, туку на подготовка на институциите, а со тоа е и задолжителен и за оние кои нема да го почитуваат предвидени се и казни.

„Не сакам да се заканувам, но сега постои Закон за попис и процесот не е во фаза на работни групи, туку на подготовка на институциите, а со тоа е и задолжителен и за оние кои нема да го почитуваат предвидени се и казни. Нема проблем, државата во 2031 година пак ќе прави попис и ќе видиме кој тогаш ќе биде власт““, изјави Заев

error: Содржината е заштитена од копирање !!