MKinformer

your daily dose of news

Бектеши очекува работното време на угостителски објекти да биде продолжено до 23 часот

18/01/2021 14:14

Од 21 јануари најверојатно ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни болести.

-Имајќи ја предвид ситуацијата, мислам дека ќе биде до 23 часот, рече Бектеши.

error: Содржината е заштитена од копирање !!