MKinformer

your daily dose of news

Цела администрација се враќа на работа од 1 февруари

23/01/2021 13:51

Државната администрација во полн состав се враќа на работа од 1 февруари, велат од владата за „Сакам да кажам“.

Со оглед на тоа дека бројот на заразени е намален, од први февруари се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државна и јавна администрација во полн состав со полно работно време во работните места. За конечна одлука ќе биде земена предвид препораката на Комисијата за заразни болести којашто ја следи епидемиолошката состојба во однос на коронавирусот во државата, одговараат од Владата.

Поради зголемениот број на случаи, од 20 октомври административците работеа од дома, одеа на работа во ротации или во смени по 4 часа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!