Цела администрација се враќа на работа од 1 февруари
23/01/2021 13:51Државната администрација во полн состав се враќа на работа од 1 февруари, велат од владата за „Сакам да кажам“.
Со оглед на тоа дека бројот на заразени е намален, од први февруари се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државна и јавна администрација во полн состав со полно работно време во работните места. За конечна одлука ќе биде земена предвид препораката на Комисијата за заразни болести којашто ја следи епидемиолошката состојба во однос на коронавирусот во државата, одговараат од Владата.
Поради зголемениот број на случаи, од 20 октомври административците работеа од дома, одеа на работа во ротации или во смени по 4 часа.




![Koмиcиjaтa зa зapaзни бoлecти ќe pacпpaвa вo пeтoк или пoнeдeлник: Oд 1.јуни нови мepки, ce пoизвecнo e дeкa ќe нeмa вeќe мacки нa oтвopeнo korona-makedonija-mladi[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/korona-makedonija-mladi1.jpg)

