Радиомоф.мк: Колку се активни најмладите пратеници во македонското Собрание?
01/02/2021 14:43Бројни отсуства од седниците, малку дискусии и уште помалку предложени закони доаѓале од десетте најмлади пратеници во Собранието на Северна Македонија од почетокот на работа на новиот парламентарен состав.
Податоците објавени во собраниската публикација „Мој Пратеник“ покажуваат дека најактивен помеѓу десетте најмлади пратеници бил Бојан Стојаноски, кој покрај тоа што имал најголем број излагања на пленарни седници, имал и најголем број на поднесени амандмани. Најнеактивен бил пратеникот Мухамет Кадиров, кој немал ниту еден поднесен закон и амандман, а воопшто и не дискутирал во Собранието, а малку активни биле и пратеничката Моника Зајкова, која имала само една дискусија и три реплики од почетокот на работа на овој собраниски состав и пратеникот Дарко Каевски кој имал два поднесени амандмани и вкупно седум дискусии и реплики вкупно.
Од вкупно 71 ден парламентарни седници колку што имало во периодот, најмногу отстства имал пратеникот Тимчо Муцунски, дури 36, од кои 33 му се оправдани. Најмногу неоправдани отсуства, дури 13, имал пратеникот Иван Јорданов, додека најмладата пратеничка во Собранието, Артана Ќазими имала дури 20 денови отсуство од парламентарните седници, од кои 9 се неоправдани.
Сите детали можете да ги погледнете на инфографикот во продолжение:

Извор: Радиомоф.мк




![Peгиcтpиpaни 37 нoви cлyчaи нa Koвид-19, 10 лицa ги зaгyбиja живoтитe вo тeкoт нa изминaтoтo дeнoнoќиe infektivna-klinika-1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/infektivna-klinika-11.jpg)