MKinformer

your daily dose of news

За 50% зголемен бројот на активни случаи во Македонија од воведувањето на полицискиот час

22/03/2021 15:11

Владата ја прифатила препораката на Комисијата за заразни болести, која засега не гледа причини за воведување построги мерки, иако оценката е дека епидемиолошката состојба е влошена..

Кривата на заразени оди само во нагорна линија, па во изминатите 12 денови, откако во земјава има полициски час, регистрирани се двојно повеќе активни случаи. На 10 март се бележат 9845 случаи, а на 21 овој број изнесува 15131.

Според Проф.Д-р Никола Пановски, од ваквата мерка нема некое фајде, а смета оти соодветна рестикција би била затворање на трговските центри преку викенд, без да се ограничува движењето на отворено.

Без дополнителни мерки што се однесуваат на здравствениот аспект ќе постигнеме колективен имунитет, но скапо ќе го платиме, вели Д-р Пановски.

Зголемување има и во однос на пополнувањето на болничките капацитети, па само во последното деноноќие во скопските ковид оддели поради компликации од вирусот од хоспитализирани се нови 54 пациенти, а слободни според Министерството за здрасвтво се 90 кревети.. Вкупно во земјава, хоспиталзиирани се вкупно 1315 пациенти.

Доколку се процени дека системот не може да го издржи напливот на пациенти, од Комисијата најави нова дискусија во текот на неделата, на која би се разговарало за евентуални дополнителни рестрикции како што е зголемување на = полициски час и намалување на работното време на кафеаните и кафулињата.

Извор: Канал5

error: Содржината е заштитена од копирање !!