Олимписки медалист и светски шампион осуден за криумчарење на 650 килограми кокаин
01/04/2021 13:17Поранешниот двократен освојувач на сребрен медал на Олимписките игри, Нејтан Бегели, е прогласен виновен за криумчарење кокаин во Австралија, вреден 150 милиони долари. Освен поранешниот 45-годишен австралиски кануист, осуден е и неговиот помлад Брат, Дру.
Двајцата браќа се осудени за обид за увоз на 650 килограми кокаин во Австралија во 2018 година. Казната ќе им биде изречена дополнително.
Бегели освои две сребра за Олимпијадата во Атина во 2004 година, а во три наврати стана и светски шампион.
Неговата кариера е одбележана со скандали, со оглед на тоа што во 2005 година беше позитивен на стероиди, а беше и во затвор, исто така со брат му, поради учество во група која произведувала дрога.




