Утрово пpивeдeн Драги Рашковски
16/04/2021 7:42Полицијава утрово го приведе поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, потврдуваат извори за МКД.мк. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп”.
Приведувањето е по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не го користи ниедна институција.
Според неофицијални информации, се бара притвор за Рашковски.
Официјални информации се најавуваат во текот на денов.
Извор: mkd.mk



![Зaпoчнyвa oпepaциjaтa “Cмeнa нa Русковска”, eкc oбвинитeл oд СЈО глaвeн кaндидaт зa нacлeдник vilma-Ruskovska-696x487[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/vilma-Ruskovska-696x4871-1.jpg)


