MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Големо невреме ја зафати Франција, наврна половина метар град во делови од земјата

29/06/2021 19:50

Регионот Восгес во Франција попладнево беше погоден од страшно невреме со силен ветар и врнежи од дожд и град.

Подрумите се поплавени со вода и дел од домовите останале без електрична енергија откако ветерот ги оштети далноводите. Откако поминало невремето, жителите ги чистеа улиците со лошати и трактори од наносите од град кој на некои места беа високи и до 6о сантиметри.

Француската метеоролошка служба издала предупредувања за бура за целиот североисток на земјата, или 54 региони.

Засега нема извештаи за повредени во Франција.

https://www.youtube.com/watch?v=16yicr89D44&feature=emb_title

error: Содржината е заштитена од копирање !!