MKinformer

your daily dose of news

Уштe oвa лeтo и тoлкy – диcкoтeкитe вo Гpaдcки пapк ќe paбoтaт дo 30 ceптeмвpи

08/07/2021 11:23

Град Скопје одлучи летово да не ги урива дискотеките во Градскиот парк туку да им дозволи да работат уште оваа сезона. Уривањето е заради изградба на забавниот парк, кој според новиот план на градоначалникот, треба да биде проширен и на местото каде сега се наоѓаат летните дискотеки.

Одлуката за продолжување на закупот до 30 септември е донесена за да им се овозможи да ги надоместат финансиските губитоци поради кризата и рестриктивните мерки.

– Поради кризата и рестриктивните мерки утврдени од Владата, угостителите не беа во можност да ја извршуваат угостителската дејност и претрпеа значајни финансиски потешкотии. Воедно, со подобрување на состојбата со бројот на заболени во земјата, сметаме дека е добро за младите да се овозможи заживување на социјалниот живот во градот, во рамки на она што е дозволено од страна на Комисијата за заразни болести, велат од Град Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!