Извлечени уште 14 тела: Бројот на жpтви при уpивањето на зградата во Мајами се искачи на 78 лица
09/07/2021 21:10Бројот на жртви при уривањето на станбена зграда во Мајами денеска се искачи на 78, откако од под урнатините беа извлечени уште 14 тела, изјави градоначалничката на Мајами Дејд Даниела Левин Кава.
Други 62 лица се водат како исчезнати во несреќата што се случи на 24 јуни и се стравува дека не се живи, додаде таа на прес-конференцијата.
Претходно беше соопштено дека спасувачите, кои работат на местото на уривање на повеќекатната зграда, го насочиле фокусот на активностите кон пронаоѓање на тела на жртви, откако утврдиле дека нема шанси некој во урнатините сè уште да биде жив.






