MKinformer

your daily dose of news

Извлечени уште 14 тела: Бројот на жpтви при уpивањето на зградата во Мајами се искачи на 78 лица

09/07/2021 21:10

Бројот на жртви при уривањето на станбена зграда во Мајами денеска се искачи на 78, откако од под урнатините беа извлечени уште 14 тела, изјави градоначалничката на Мајами Дејд Даниела Левин Кава.

Други 62 лица се водат како исчезнати во несреќата што се случи на 24 јуни и се стравува дека не се живи, додаде таа на прес-конференцијата.

Претходно беше соопштено дека спасувачите, кои работат на местото на уривање на повеќекатната зграда, го насочиле фокусот на активностите кон пронаоѓање на тела на жртви, откако утврдиле дека нема шанси некој во урнатините сè уште да биде жив.

error: Содржината е заштитена од копирање !!