Вучиќ: Да живее Србија, да живее Македонија, Ви благодарам многу за пријателството
29/07/2021 16:23
Српскиот претседател Александар Вучиќ очигледно беше пријатно изненаден од пречекот кој го имаше во Скопје, Македонија и настаните кои беа дел од иницијативата Отворен Балкан.
Тој во повеќе наврати го изрази своето воодушевување од главниот град, а евоцираше и спомени од младоста и ноќите кои ги поминал во скопските ноќни клубови.
Вучиќ не можеше да ја сокрие ниту радоста кога од еден кафич беше поздравен од Србин и Албанец кои заедно пиеја кафе во центарот на Скопје.
Тој на Твитер се заблагодари за пријателството и изрази надеж дека во иднинаодносите помеѓу двете држави ќе бидат уште подобри.
-Ви благодарам многу за пријателството, сигурен сум дека нашите односи ќе бидат уште подобри во иднина. Да живее Србија, да живее Македонија!
Објавата на Твитер може да ја погледнете ТУКА.






