MKinformer

your daily dose of news

„Си-ен-ен“ oтпyшти тројца вработени бидејќи доаѓале на работа невakцинирани

06/08/2021 9:35

Американската медиумска куќа Си -ен -ен отпушти тројца работници кои дошле на работа невакцинирани против ковид, со што ја прекршиле политиката на компанијата.

Да бидам појасен, имаме политика за нулта толеранција по ова прашање, напиша уредникот на Си-ен-ен, Џеф Зукер на Твитер, додавајќи дека на вработените им било испратено писмо во кое се наведува дека вакцините се задолжителни за сите – и за тие во канцеларија и за тие на терен.

Повеќе од една третина од работниците на Си-ен-ен доброволно се вратија во редакцијата, а колективното враќање е одложено од 7 септември до средината на октомври.

Во некои редакции, ќе биде задолжително носење маска кога луѓето не јадат или не пијат.

Слични одлуки донесоа и други американски медиуми.

error: Содржината е заштитена од копирање !!