MKinformer

your daily dose of news

Сообраќајка во центарот на Скопје: Повреден доставувач на „Волт“

26/09/2026 9:37

Сообраќајка во центарот на Скопје се случи денеска на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, во близина на поранешната зграда на „Нова Македонија“.

Според првичните информации, во несреќата е повреден доставувач на „Волт“, кој се движел со мотор.

Полицијата го обезбедуваше местото

На местото на несреќата можел да се забележи искршениот мотор.

Полицијата го обезбедувала просторот и го регулирала сообраќајот во овој дел од градот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MK!nformer (@mkinformer)

Создаден метеж во центарот

Сообраќајната незгода предизвикала метеж на булеварот и во околните улици.

Засега нема дополнителни официјални информации за состојбата на повредениот, ниту за причините за несреќата.

Повеќе детали се очекуваат по целосно расчистување на сообраќајка во центарот на Скопје.

error: Содржината е заштитена од копирање !!