(Видео) „Makeдонијо, ти си бисер балкански“: Ечеше во соблекувалната македонските ракометарки по освоениот шампионат
16/08/2021 15:20„Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше синоќа во соблекувалната на македонската ракометна репрезентација до 17 години, по победата над Исланд со 26-27 синоќа, со што Македонија заврши како прва на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија и обезбеди место на кадетското Европско првенство.
Иако без селекторот Савевски, кој доби црвен картон на претходната средба и беше суспендиран, нашите ракометарки одиграа борбена и херојска партија, дојдоа до триумф над ривалот по една игра на нерви и најавија дека женскиот македонски ракомет има иднина на која мора да се смета. Оваа генерација е надежна и сигурно има што да покаже и понатаму.
Феноменална партија во финалето имаше Теодора Дукоска со 11 гола од 14 обида, пред Ризоска со седум и Коцева со пет. Младеновска додаде уште три гола.
Едно убаво видео од прославата на женските младински ракометарки со "Бисер Балкански."
Девојките испишаа историја и за прв пат ќе бидат дел ракометната елита.Само една има вистина
има една Македонија!!! pic.twitter.com/BpcuJ4ogCl— Егејска – Беломорска Македонија, Aegean Macedonia (@AegeanPart) August 16, 2021




![Македонија вечерва против Данска на стартот на ЕП: „Ќе се бориме 60 минути“ Navivaci-makedonska-reprezentacija[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/Navivaci-makedonska-reprezentacija1.jpg)

