MKinformer

your daily dose of news

(Видео) „Makeдонијо, ти си бисер балкански“: Ечеше во соблекувалната македонските ракометарки по освоениот шампионат

16/08/2021 15:20

„Македонијо, ти си бисер балкански“ ечеше синоќа во соблекувалната на македонската ракометна репрезентација до 17 години, по победата над Исланд со 26-27 синоќа, со што Македонија заврши како прва на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија и обезбеди место на кадетското Европско првенство.

Иако без селекторот Савевски, кој доби црвен картон на претходната средба и беше суспендиран, нашите ракометарки одиграа борбена и херојска партија, дојдоа до триумф над ривалот по една игра на нерви и најавија дека женскиот македонски ракомет има иднина на која мора да се смета. Оваа генерација е надежна и сигурно има што да покаже и понатаму.

Феноменална партија во финалето имаше Теодора Дукоска со 11 гола од 14 обида, пред Ризоска со седум и Коцева со пет. Младеновска додаде уште три гола.

error: Содржината е заштитена од копирање !!