До вторник топло и стабилно, од среда повторно дождови
22/08/2021 18:40До вторник времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, a утрата ќе бидат релативно свежи. Се очекува максималните дневни температури ќе се искачат до 36 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Веќе во среда се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму. Ќе има услови за појава на локално невреме проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Услови за нестабилност ќе има и во четврток, додека од петок повторно времето ќе се стабилизира.




