MKinformer

your daily dose of news

30 ученици и девет наставници позитивни на Ковид-19 во Куманово

09/09/2021 19:30

– По одлука на Центарот за јавно здравје Куманово во изолација се неколку паралелки, па овие ученици следат онлајн настава. Училиштата имаат постапено согласно протоколите и алгоритмите при инфициран наставник или кој било вработен во училиштата. Засега е постапено согласно протоколите. Немаме дополнителни проблеми-изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ.
Според податоците, во Куманово има 14.807 ученици, а вкупно вработени се 1.720 лица.

– Сите заедно, учениците, родителите и вработените, да ги почитуваме здравствените протоколи и да се однесуваме одговорно, бидејќи едно мало невнимание може да одведе во изолација цела паралелка-апелира Јовановиќ.
Според податоците на општата болница во Куманово, во моментов се хоспитализирани 78 пациенти. Во дневната болница од КОВИД се лекуваат над 50 лица од североистокот. Во амбулантата на инфективниот оддел вчера биле извршени околу 100-тина прегледи

error: Содржината е заштитена од копирање !!