(Видео) Екcклyзивнo: Пpoтeкoa cнимки oд бeзбeднocнитe кaмepи, oвa ce пpвитe мoмeнти oд тpaгeдиjaтa во Тетово
10/09/2021 12:25
На социјалната мрежа Тик Ток протече видео од првите моменти од несреќата во Тетово во која 14 лица го загубија својот живот.
Видеото е снимено од безбедносните камери на тетовската болница, а на него се гледа со каква стравична брзина се шири пожарот и за само 3 минути целата болница е опколена со прстен од оган.
Од видеото може да се забележи и каква паника се шири помеѓу болничкиот персонал кој со инвалидски колички ги извлекува пациенти.
Видеото може да го погледнете ТУКА.






