MKinformer

your daily dose of news

Шеста жртва од западнонилска треска: Почина 72-годишен пациент од Скопје

27/08/2026 17:00

Шеста жртва од западнонилска треска е регистрирана во земјава, потврди денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Станува збор за 72-годишен пациент од Скопје, кој починал вчера попладне.

Пациентот имал сериозни придружни заболувања.

Бил хоспитализиран 15 дена

Починатиот пациент бил примен на Клиниката за инфективни болести пред 15 дена.

Според Цана, бил во изразито тешка општа состојба и со тешка клиничка слика.

И покрај преземените интензивни мерки во Одделот за интензивно лекување, вчера попладне настапила смрт.

„За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент“, соопшти Цана.

На Клиниката досега 51 пациент

Според податоците што ги соопшти директорот, досега на Клиниката за инфективни болести биле или сè уште се хоспитализирани 51 пациент.

Од нив, 27 се излекувани и веќе се испишани.

Во моментов на Клиниката се лекуваат 18 пациенти.

Петмина во тешка состојба

Од актуелно хоспитализираните, 15 пациенти имаат лабораториски потврдена западнонилска инфекција со невроинвазивна форма.

Уште тројца пациенти се клинички сомнителни за истата форма на инфекција.

Во Одделот за интензивна нега се лекуваат уште пет пациенти со тешка клиничка слика.

Сите се во повозрасна возраст.

Најмладиот пациент има 26 години

Најмладиот пациент кој моментално се лекува на Клиниката има 26 години.

Според Цана, неговата здравствена состојба е добра.

Со последниот смртен случај, шеста жртва од западнонилска треска е регистрирана во земјава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!