MKinformer

your daily dose of news

Hayчниците зaгpижeни: Озoнcкaтa дyпкa нa јyжнaтa хeмиcфера е пoгoлемa oд Aнтapктикoт

18/09/2021 21:00

Озонската дупка на јужната хемисфера е поголема отколку обично и го надмина по големина и Антарктикот, соопштија научниците. Службата на Европската унија за надзор на атмосферата сооопшти дека озонската дупка, која секоја година се појавува напролет на јужната хемисфера, значително пораснала изминатата недела.

Атмосферскиот озон ја апсорбира ултравиолетовата светлина која доаѓа од Сонцето. Неговото отсуство значи дека на Земјата стигнува поголема количина од тоа високоенергетско зрачење.

Протоколот од Монтреал, потпишан во 1987 година, доведе до забрана на халокарбонот, група хемикалии која се смета за виновна за ширењето на озонската дупка.

Експертите наведуваат дека супстанциите кои ја оштетуваат озонската обвивка веројатно нема да бидат исфрлени од употреба до 2060-тите години.

error: Содржината е заштитена од копирање !!