MKinformer

your daily dose of news

Од утре нови цени на горивата

14/11/2021 22:50

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе ја соопшти одлуката за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цените на бензите и дизелот се намалија за половина денар по повеќенеделното зголемување на цените.

Цената на Екстралесното масло за домаќинство се намали за еден денар.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,445 (денари/килограм)

error: Содржината е заштитена од копирање !!