Нова драма за Валиева: И се слошило по настапот и морала веднаш да замине
16/02/2022 19:32Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, Камила Валиева не се чувствувала добро по вчерашниот настап на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, каде што настапи по неколку драматични денови.
На руското „чудо од дете“ му се закануваше суспензија, зашто беше откриено дека на 25 декември минатата година имала позитивен тест на допинг-тест, но Валиева успеа да ја надмине драмата и да го освои првото место во квалификациите, по што се расплака и замина од салата.
Камила не се чувствуваше добро. Моравме да ја однесеме во хотел за да одмори, соопштија од рускиот тим.
Вториот дел од натпреварувањето ќе се одржи утре, а се очекува Валиева да ја одбрани првата позиција и да се закити со нов златен медал.





