СКОПЈАНКА ПРОБАЛА ДА ВНЕСЕ ДРОГА ЗА СВОЈОТ СОПРУГ ВО ЗАТВОР
10/06/2024 12:36Полицијата приведе четириесетгодишна скопјанка која се обидела да внесе марихуана во затворот „Идризово“ при посета на својот сопруг кој бил осуденик во затворот.

Таа била предадена во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, а како што информираат од МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.S




