MKinformer

your daily dose of news

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ПОЛНОЌ

17/06/2024 11:55

Цената на сите нафтени деривати од вечерва на полноќ се зголемува.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се покачува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 81 денар по литар. За 1 денар се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР 98+ и од утре ќе се продава по цена од 83 денари по литар.

Расте цената и на ЕУРОДИЗЕЛ за 0,5 денари, и ќе се продава по 74 денари по литар.

Се зголемува и цената на екстра лестното масло за 0,5 денари и ќе се продава по 73 денари, расте и цената на мазутот, и од утре ќе се продава по цена од 44,5 денари по килограм.

error: Содржината е заштитена од копирање !!