MKinformer

your daily dose of news

МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА МИСАЈЛОВСКИ ВО ПОСЕТА НА БАТАЛЈОНОТ НА СПЕЦИЈАЛНИ ЕДИНИЦИ-ВОЛЦИ

03/07/2024 12:33

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска го посети Баталјонот на специјални сили – најелитната единица на Армијата каде беше брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите кои ги остварува, учеството во мировните операциите како и операциите за заштита на источното крило на Алијансата мисијата eVA.

-Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата, значајни за Армијата и за граѓаните на Македонија, објави Мисајловски на Фејсбук.

Тој им се заблагодари на припадниците за нивната служба и непоколеблива посветеност.

-Вие сте инспирација и херои на нашата нација, им порача министерот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!