MKinformer

your daily dose of news

ОВА СЕ ЈУНАЦИТЕ КОИ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ МАКЕДОНИЈА НА ЛОИ ВО ПАРИЗ 2024

22/07/2024 12:47

 

Македонија ќе ја претставуваат шест спортиски на Летните олимписки игри во Париз  кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август. Требаше да бидат седум но пливачката Ева Петровска која требаше да настапи во дисциплината 800 метри слободно го откажа своето учество поради здравствени проблеми.

Спортистите кои ќе имаат свој настап се:

– Дарио Ивановски (атлетика, 10 август маратон),

– Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил),

– Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно, 27 јули квалификации).

– Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка) која ќе настапи на 27 јули,

Еди Шерифовски во џудо на 30 јули и

– таеквондистката Мила Рељиќ во периодот од 7-10 август.

Македонија освен со спортисти ќе се претстави и со свои судии. Во ракометот ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, во триатлонот Иван Михајловски и Анета Павловска во тенисот.

Според најавите, како што оди протоколот да има по еден од машка и женска конкуренција, знаменосци на Свеченото отворање на Игрите ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!