КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ
23/07/2024 12:30Новото раководство на Клиниката за онкологија на чело со проф.д-р Игор Стојковски воведе двосменско работење во дневната болница.

Целта е да се намали гужвата во дневната болница, која е идентификувана како еден од најсериозните проблеми, како и да се обезбеди соодветен третман на оваа ранлива група пациенти во институцијата која третира најголем број на малигни заболувања и е единствена во терциерното здравство од овој тип.
Пациентите до 20 часот во втора смена отсега ќе може да ја добијат оваа здравствена услуга во дневната болница.
Инаку, Клиниката за онкологија активно учествува во активностите за отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања во ГОБ „8 Септември, каде се очекува амбулантно поликлничката дејност во областа на онкологија да профункционира за неколку недели, а целта е дисперзирање на терапијата и растоварување на работата на Клиниката за онкологија.





