ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И ПОВРЕМЕН ПОРОЕН ДОЖД
23/07/2024 8:00
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзисосви степени.
УВ индексот на зрачење ќе биде 8.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Вакво променливо време ќе преовладува до четврток. Променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер.






