MKinformer

your daily dose of news

Денеска до 39 степени, вечерва можни пороен дожд, грмежи и засилен ветер

30/06/2026 7:42

Времето во земјава денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени Целзиусови.

Во Скопје до 37 степени

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во попладневните часови, во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од утре нестабилно време

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно. На места се очекуваат повремен дожд и грмежи, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град.

Температурите ќе бидат во опаѓање

Од среда температурите ќе бидат во опаѓање.

Падот ќе биде поизразен за време на викендот, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!