MKinformer

your daily dose of news

ВО НОВИОТ МОЛ „ЛИТЛ АМЕРИКА“ ВО КАВАДАРЦИ ЌЕ СЕ ГРАДИ ХОТЕЛ ОД БРЕНДОТ „ХОЛИДЕЈ ИН“

01/08/2024 7:39

Договор за франшиза, изградба на хотел „Холидеј ин”, во новиот мол  „Литл Америка” што е во изградба, беше потпишан денеска во Кавадарци. Хотелот ќе биде во рамките на комплексот станбени згради и трговски центар под името „Little America“, инаку инвестиција на кавадарчанецот Трајче Зуко Ристовски, кој над дваесет години работи и живее во Америка со своето семејство.

„Всушност, станува збор за потпишување на договорот за франжиза на хотелот што е во склоп на Литл Америка со Холидеј ин,  помеѓу инвеститорот на овој мега проект, Тиквеш инвест, со меѓународниот синџир на хотели, како дел од групацијата, ІHG Hotels and resorts“, беше појаснето на настанот.

На потпишувањето на договорот од страна на Ристовски и Живорад Васиќ, директор на IHG Hotels and resorts за источна Европа, беа присутни и премиерот Христијан Мицкоски и претставници на Американската амбасада.

Васиќ изјави дека во Кавадарци ќе биде еден од најдобрите хотели во регионот и додаде дека објектот ќе вработува преку 100 нови работници и ќе придонесе за развој на винскиот туризам.

Градоначалникот Митко Јанчев рече дека ова е позитивен пример, кога сограѓанин кој повеќе од 20 години живее надвор од државата, станува инвеститор со околу 30 милиони евра инвестиција и е позитивен пример, како треба да се даде поддршка и сигурност за таквите инвестиции. Тој изрази уверување дека ова ќе охрабри и други да ги инвестираат во родната земја, за општото добро на сите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!