MKinformer

your daily dose of news

Ѓоковиќ одлучи: Ќе играм, па дури и ако докторите ми речат дека не треба!

02/08/2024 11:08

Новак Ѓоковиќ ќе го игра денешното полуфинале против Италијанецот Лоренцо Мусети на ЛОИ во Париз, без разлика какви ќе бидат советите од лекарскиот тим по неговата нова повреда на коленото кое го оперираше пред два месеци.

Ѓоковиќ вчера во два сета го победи Стефанос Циципас, но заработи нова повредата на коленото. Во текот на вториот сет почувствува болки во коленото кое неодамна го оперираше, па мораше да добие медицинска помош и апчиња за да продолжи.

Полуфиналниот меч против Лоренцо Мусети е веќе денеска од 19 часот, а Ѓоковиќ доцна синоќа изјави дека сигурно ќе игра без разлика каков совет ќе добие.

„Дури и ако докторот ми рече дека не е добро, веројатно ќе излезам на терен и ќе се обидам. Ова е многу ретка шанса, да се борам за медал за својата земја, затоа ќе направам се за да се опоравам и да се ставам во ситуација да освојам медал за Србија“ – рече Ѓоковиќ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!