MKinformer

your daily dose of news

ЈУЛИ Е МЕСЕЦ НА ПОЖАРИТЕ: РЕГИСТРИРАНИ 620 ПОЖАРИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

07/08/2024 8:24

Во јули биле регистрирани 620 пожари од кои 66 во последните 10 дена од месецот, е посочено на денешната седница на владата на која се разгледуваше состојбата со огнените стихии во државата.

„Од 13 пожари, четири се активни, два се целосно изгаснати, а другите се под контрола. Најголем проблем претставува пожарот во близина на село Брезница, каде теренот е тежок и непристапен“, било констатирано на владината седница.

„Беше нагласено дека пожарот кај Косел е под контрола, кај Пласница е изгаснат, како и пожарот во делчевско, додека кај зелениковско Вражале е под контрола. Минат е исклучително тежок период во изминатите 10 дена, со 66 нови пожари. Само во месец јули регистрирани се дури 620 пожари.“, информира владината прес-служба.

Притоа било истакнато дека состојбата ги надминала домашните ресурси, односно тие беа недоволни за справување со огнената стихија, и оти Владата веднаш побарала странска помош, односно бил активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита, со оглед на тешката затекната ситуација и расположливите ресурси.

Се дискутираше и за штетите, но и за причините за толкав број на пожари.

„Како причини се наведува дека најголем дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор, најмногу ненамерно, заради палење на стрништа, пасишта и меѓи. Во делот на намерно предизвиканите пожари, беше посочено дека преовладуваат криминални мотиви и има повеќе такви случаи кои се испитуваат“, се вели во соопштението на прес-службата на Владата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!