ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно време со магла и умерени температури
22/01/2025 9:50
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во котлините ќе има магла, додека на другите места ќе биде стабилно со умерени температури. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 4 степени, додека максималните температури ќе бидат од 4 до 12 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со појава на магла, а температурата ќе се движи од -1 до 4 степени.
Во следните денови се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и постепен пораст на дневната температура. Во котлините ќе продолжи да има магла и постудено време. Локални слаби врнежи од дожд се предвидуваат во петок.




