MKinformer

your daily dose of news

Утре променливо облачно и студено, од среда можна магла по котлините

12/01/2026 19:33

Утре времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови ќе дува умерен западен ветер, информира УХМР.

Минималните утрински температури ќе се движат од -12 до -3 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 0 до 7 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и студено време, со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9 степени, а максималната ќе достигне околу 3 степени.

Според најавите од УХМР, до крајот на седмицата времето ќе остане стабилно и суво, со услови за појава на магла по котлините од среда. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст, особено во дневните часови.

error: Содржината е заштитена од копирање !!