Променливо облачно и студено, од утре магла по котлините и благ пораст на температурите
13/01/2026 10:37
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјава ќе дува умерен западен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од -12 до -3 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 0 до 7 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, минималната температура ќе се спушти до -9 степени, а максималната ќе достигне до 3 степени Целзиусови.
Според најавите од Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од утре, особено по котлините, ќе има услови за појава на магла, додека температурите ќе бидат во постепен, благ пораст.





