Комплексот „Македонско село“ на Водно се нуди под кирија, почетна цена 4000 евра месечно
23/01/2025 21:24
До крајот на оваа недела ќе биде објавен огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, лоциран на падините на Водно, во близина на селото Нерези. Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, изјави дека огласот ќе биде поделен на четири дела, што ќе овозможи различни концесионери да се пријават за различни сегменти од комплексот.
Тој појасни дека доколку еден економски оператор ги закупи сите четири дела, почетната цена на закупот ќе биде 240.000 денари месечно, или околу 4.000 евра. Изборот ќе се врши преку електронско наддавање преку Министерството за финансии, а договорот ќе се склучи на период од 15 години.
Дополнително, ќе биде обезбедена банкарска гаранција како мерка за сигурност дека концесионерот ќе биде сериозен и ќе ги исполни обврските.






