MKinformer

your daily dose of news

Еден нов случај на Ковид-19 и едно починато лице во Струга

28/01/2025 13:44

Од 20 до 26 јануари, во Струга е регистриран еден нов позитивен случај на Ковид-19, додека пријавено е едно починато лице асоцирано со вирусот, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Станува збор за пациент над 60 години кој имал коморбидитети и починал во болнички услови. Лицето било вакцинирано со две дози на вакцина, при што последната доза беше примена пред повеќе од три години. Во исто време, бројот на новозаболени е намален во споредба со претходната недела.

Во текот на изминатата недела (20-26.01.2025), се регистрирани три оздравени лица, а вкупно се тестирани 341 материјал во лабораториите кои изведуваат молекуларно и антигенско тестирање, што е за 20,5% повеќе во однос на минатата недела.

error: Содржината е заштитена од копирање !!